Економија, финансии, бизнис

Контакт

Последици од пандемијата во Квебек: Секое 10-то работно место затворено

Последици од пандемијата во Квебек: Секое 10-то работно место затворено


Една од 10 работни места што постоеше минатата година во канадската провинција Квебек, е затворено за време на пандемијата на вирусот корона. Според статистичките податоци, кризата особено ја зафати помладата популација на Квебек.

За лицата на возраст од 15 до 24 години, скоро 25 проценти од работните места што постоеле на пазарот помеѓу март и јуни 2019 година исчезнале во истиот период оваа година, покажуваат податоците објавени од Бирото за статистика на Квебек (ISQ) во вторникот.

Според податоците презентирани во неодамнешното истражување на статистиката во  Канада, жените биле повеќе погодени од падот на обемот на работа во Квебек. Од скоро 450.000 работни места изгубени меѓу март и јуни, 238.100 беа изгубени кај жени, наспроти 209.100 изгубени кај мажи.

Бирото за статистика на Квебек јасно покажува дека повеќето работни места, скоро 100.000, се погодени во услужната индустрија, како што се ресторани и сместување.

Во трговијата на големо и мало, се проценува дека на удар биле околу 75.000 работни места. Преработувачката индустрија падна за 50.000 работни места за време на кризата во Квебек.


Слично

Поврзани вести