ПОСЛЕДИЦА НА ЕПИДЕМИЈАТА: Во Словенија невработеноста зголемена за 20 отсто
Се зголеми невработеноста во Словенија за 20 отсто.
Епидемијата стави барем една третина од производствените и услужните активности на мирување.
Бројот на невработени регистрирани во заводот за вработување во Словенија е зголемен за скоро 20 отсто на годишно ниво.
Ова првенствено е поради кризата која се појави поради пандемијата на коронавирусот, пишува порталот SEEbiz.
На крајот на април се регистрирани 88.648 невработени лица во канцелариите за вработување, што е за 10.793 лица повеќе отколку во истиот месец лани, односно зголемување на бројот на невработени за 19,9 проценти.
Во април, 14.419 лица аплицирале во заводот за вработување, 84 проценти повеќе отколку во март, а дури 190 проценти повеќе отколку во април минатата година.
