Последeн предлог на социјалдемократите кон Груевски
Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) има направено "последен" предлог до премиерот и лидер на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за излез од кризата.
Од СДСМ побараа Груевски да поднесе оставка 150 дена пред одржувањето на предвремените парламентарни избори, пренесе "Дојче веле".
Од опозицијата побараа да раководат со четири министерства - за внатрешни работи, за земјоделство, за труд и социјална политика и за финансии. Разликата со претходните барања е оваа дека опозицијата не сака да има две лица како раководители на министерствата, а да ги раководи личен нивен претставник.
Во исто време е предложено јавниот обвинител да се избира, откако е одобрен од двете главни партии. Истото важи и за членовите на Државната комисија за борба против организиран криминал, Агенцијата за медиумите, како и во Агенцијата, која дава фреквенции и ја дефинира програмата на државната телевизија МРТВ.
