Последен круг претседателски избори во Грција
Со какво сценарио ќе треба да се соочи нашиот јужен сосед ќе се знае по денешниот трет круг од претседателските избори во земјата откако во претходните два круга грчките парламентарци не успеаа да изберат ниту еден од кандидатите.
Дали и денес земјата ја очекува истото сценарио и дали ова ќе значи вовед во предвремени парламентарни избори останува да се види.
Доколку гласањето и во третиот круг не доведе до позитивен резултат, парламентот се распушта и ќе бидат објавени општи избори, во кои, според анкетите на јавното мислење, фаворит може да биде главната опозициска партија Коалицијата на радикалната левица (СИРИЗА) која ветува дека доколку дојде на власт ќе го преиспита “Поробувачкиот договор” со меѓународните кредитори.
Согласно постапката пратеници можат да гласаат само со “да”, да се воздржат, или да не присуствуваат на седницата.
Во првиот и вториот круг, кои се одржаа на 17 и 23 декември, пратениците не успеаја да изберат претседател. Кандидатурата на 73-годишниот Ставрос Димас не ги доби потребните 200 гласа во 300-члениот еднодомен парламент. За претседател во првиот круг гласаа само 160, а во вториот – 168 пратеници.
Во последниот круг од претседателските избори ќе бидат потребни 180 гласови. За таа цел Владата, која се потпира на 155 гласови, ќе треба да обезбеди поддршка на уште 25 пратеници, што ќе биде исклучително тешко.
Аналитичарите не сакаат да ризикуваат со прогнозата дека ќе може да биде избран шеф на државата.
Слично
