Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОСЛЕДЕН ЧИН НА РУСКИОТ ТАЈКУН: Како Олег Дерипаска ќе се спасува од санкциите на САД?

ПОСЛЕДЕН ЧИН НА РУСКИОТ ТАЈКУН: Како Олег Дерипаска ќе се спасува од санкциите на САД?

Рускиот алуминиумски гигант Русал соопштил дека оставката во управниот одбор која веднаш стапува на сила ја поднел главниот акционер рускиот милијардер Олег Дерипаска.

Тоа е неопходен потег фирмата да ги избегне американските санкции насочени против него.

„За да ги продолжиме напорите кои ги презеде управата на групата за да ги заштити интересите на компаниите и своите акционери од веведување на санкциите (од американското министерство за финансии), Олег Дерипаска поднесе оставка која стапува на сила на 25 мај 2018“, наведува Русал во соопштението.

Претходно овој месец, САД на Русал и нејзиниот главен акционер, тајкунот Олег Дерипаска го ставија на листата за санкции со кои на компанијата и е блокиран пристапот до меѓународни финансиски институции. Русал изгубил некои клиенти, додека неговите акции нагло паднале.

Ова е најновата епизода во потресите на компанијата од кога администрацијата на Трамп одлучи на својата црна листа да го стави рускиот тајкун  помеѓу останатите олигарси за кои се верува дека се блиски до Кремљ. САД одлучија да воведат санкции и за компаниите кои Дерипаска ги контролира, Ен+ и Русал, чиј Ен+ е најголем акционер.

Слично

Поврзани вести