ПОСЛЕДЕН ЧЕКОР: Конкурентот на ММФ го менува светот
Новата развојна банка БРИКС го потпишува договорот за воспоставување на седиштата во Шангај, што е последен чекор на Пекинг во измена на глобалната слика за финансиските институции.
Директорот на Новата развојна банка, К.В.Камат, изјавил во Шангај дека одобрувањето на првите проекти се очекуваат во април и дека оваа година ќе бидат одобрени помеѓу 10 до 15 проекти, вогласвно во областа на обновливите извори за енергија.
Банката ќе има почетен капитал од 50 милијарди долари, но е соопштено дека членките уплатиле дури милијарда долари, пренсе Франс прес.
Рускиот министер за финансии и претседавач на Одборот гувернери во БРИКС банката, Антон Силуанов, рекол во Шангај, каде се одржува состанокот на гувернери на централните банки и министри за финансии од Групата 20 (Г20) дека земјите од БРИКС планираат да инвестираат во инфраструктурни проекти и да ги разгледаат инвестициите во хидроенергија и електрична енергија.
Силуанов додал дека банката ја разгледува можноста на вклучување нови членки.
„Воглавно ќе инвестираме во инфраструктурни проекти, енергетски, а приоритет ќе биде развојот на еколошки извори на енергија„, рекол тој, додавајќи дека извесни средства ќе бидат соберени „во национални валути, на национални пазари, за финансирање на проекти во земјите членки“.
Банката БРИКС добила „ААА“ врвен кредитен рејтинг од кинеските кредитни агенции, наведеува Франс прес.
Новата развојна банка која ја основале членките на БРИКС (Бразил, Русија, Индија,Кина и Јужноафричката Репбулика) се доживав како ривал на финансиските институции во Вашингтон, Светската банка и ММФ, а нејзиниот официјален сајт тоа и го потврдува , бидејќи е опишана „како алтернатива“ на овие институции која ќе помогне во покривање на потребите во инфраструктурата и одржливиот развој.
