После ветерот во грб, нафтата и преку 32 долари
Цените на нафтата продолжија со опоравувањето почнато во петокот, поттикнати од надежта дека додатни стимулативни мерки во еврозоната и Јапонија би можеле да влијаат на растот во побарувачката.
Цените на црното злато во петокот го завршија тргувањето со раст на американската „лесна“ нафта WTI за испораки во март од 9,0 одсто на 32,19 долари за барел, додека „брент“ порасна за 10 проценти на 32,18 долари.
Влезниот тренд на цената е продолжен денеска во Азија, па нафтата WTI поскапела 46 центи, или 1,4,3 одсто на 32,65 долари, дедека брентот се качи на 56 центи, или 1,74 посто на 32,74 долари.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/01/25/video-naftata-stana-poevtina-od-vodata-i-od-mlekoto-do-kade-ke-odi-tsenata/" target="blank" ](ВИДЕО) Нафтата стана поевтина од водата и од млекото, до каде ќе оди цената?[/button]
Главниот пазарен стратег во компанијата „CMC markets Australija“ , Мајкл Мекрати ијзави дека извештајот кој покажува понатамошно работење на приватниот сектор во еврозоната ги подгреа надежите дека побарувачката за нафта ќе ја компензира преобилната понуда.
Шефот на Европската централна банка ЕЦБ , Марио Драги во четвртокот наговести понатамошни поттикнувачки мерки за тој регион, додека угледниот дневник Никеи бизнис в петокот објави дека банката на Јапонија исто така разгледува додатни стимулативни мерки.
Директор од секторот за нафта и гас на компанијата „Ernest&Jang“, Сандзив Гипт вели дека цените добиле поттик и поради големата силна бура која владееше на источниот брег на САД во текот на викендот, што ја подигнало побарувачката .
