Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОСЛЕ ШЕСТ ГОДИНИ: Америка престанува да печати огромни количини долари

ПОСЛЕ ШЕСТ ГОДИНИ: Америка престанува да печати огромни количини долари

После шест години радикални мерки кои ги спроведуваше Американската централна банка - „ФЕД“ , печатењето на огромни количини пари и сега престанува.

Ова е одлучено на денешниот состанок на гувернерот на американскиот „ФЕД“

Во неколку фази на таканаречениот QE програм вкупно отпечатени се приближно 4500 милијарда долари.

Програмот на масовното печатење на пари е покренато во 2008 година, во најлошата фаза на финансиската криза, кога се заканувало целосно рушење на американскиот но и на глобалниот финансиски систем.

Американската централна банка (Федерални резерви) како и обично во рецесиите ги спуштала каматните стапки практично на нула, но тоа не и помогнало.

Поради тоа во договорот со владата, централната банка се одлучила на радикален потег, каков досега не повлекла - печатење на големи колични пари со кои се купувани обврзници од испаничени вложувачи и банки на финансискиот пазар.

Плнот бил да се смири пазарот и да им се даде до знаење на сите дека до целосен колапс нема да дојде, бидејќи ФЕД ќе ги купи сите државни обврзници кои инвеститорите и банките ќе мораат или сакаат да ги продадат.

Програмот за печатење на пари кај многу професионалци и поголем дел од американската и светската јавност не наиде на одобрување, бидејќи многумина сметаа дека одржувањето на очигледна и вештачка стабилност на финансиските пазари не е добро.

Освен тоа, се појавил и страв дека толкава количина на нови пари во оптек ќе доведат до висока инфлација и девалвација на заштедите.

Сепак, овој програм се покажал позитивен, бидејќи американската економија се оправила побрзо отколку европската.

Ефектот на американското печатење на пари јасно може да се види на финансиските пазари.

Пред приближно пола година, кога ФЕД најавил дека наскоро ќе заврши со печатење на доларот, трендот на слабеење на доларот се  сврте и американската валута почна нагло да зајакнува. Од мај доларот е во однос на еврото, но и повеќето други валути зајакнале повеќе од 10 одсто.

Аналитичарите и понатаму сметаат дека американската валута ќе расте, но од сега со побавно темпо.

Слично

Поврзани вести