Министерот Ставрески не си поднесе оставка
Како што многумина очекуваа и коментираа после најавата за прес конференцијата на министерот Ставрески дека ќе си поднесе оставка тоа не се случи.
Потпретседателот на Владата Зоран Ставрески на прес-конференцијата во Владата која пред неколку минути заврши коментираше дека денешните снимки од објавените аудио разговори меѓу него и министерката Гордана Јанкулоска имале за цел да внесат раздор во економскиот тим на Владата и дека тие биле нецелосни и „креирани“.
Ставрески на пресконференцијата ги наброи сите, според него, владини успеси во економијата.
Слично
