Економија, финансии, бизнис

Контакт

После пладне претставници на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ќе го парафираат извештајот за 24 декември!

После пладне претставници на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ќе го парафираат извештајот за 24 декември!
За денеска после пладне според информациите на „Фактор“ е предвидено да се потпише конечниот извештај со кој ќе се расчистат собраниските инциденти од 24 декември. Најнапред шефот на кабинетот на премиерот Никола Груевски, Мартин Протуѓер, потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска и претседателот на ад хок комисијата Борче Давтиковски ќе треба да ги усогласат финесите околу извештајот односно уставните прекршувања за да подоцна членовите на комисијата Илија Димовски и Благородна Дулиќ од ВМРО ДПМНЕ и Љубомир Фрчковски и Рената Десковска Треневска од СДСМ стават параф на конечниот извештај со кој треба да се стави крај на сагата околу инцидентите од 24 декември. Инаку, според информациите кои беа лиферувани од работата на комисијата во петокот, наводно извештајот бил речиси готов, но владеачката ВМРО ДПМНЕ не сакал да прифати дека исфрлањето на новинарите од собраниската галерија било уставно прекршување. Инаку, усвојувањето на извештајот е дел од мартовскиот договор на кој се обврзаа засегнатите политички страни. Со усвојувањето на извештајот за собраниските инциенти Македонија нема да ја загуби препораката од Брисел, но сепак на патот кон Европската Унија остануваат уште многу горливи проблеми, а кои произлегуваат токму од мартовскиот договор. Инаку, во собранието денеска на работа се враќаат и пратениците од опозиционата СДСМ кои до сега не учествуваа во работата на пленарните седници. Бурен викенд околу извештајот за собраниските инциденти Премиерот Груевски синоќа на прес конференција изјави дека е јасно зошто СДСМ ја отфрлил нивната иницијатива, затоа што го нема народот на своја страна. ВМРО ДПМНЕ сепак, донесе одлука да гласа и да потпише извештај каков што сака СДСМ, не со надгласување туку и ние ќе гласаме заедно со нив. Нам ни е важен интересот на Македонија, рече премиерот. Ова, практично значи дека предвремени избори на 13 октомври ќе нема. Вчера прво ДУИ, па СДСМ ја отфрлија можноста за избори, а Груевски синоќа се согласи и претставниците на ВМРО ДПМНЕ да гласаат за заклучоците на комисијата за расветлување на настаните од 24 декември. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести