Економија, финансии, бизнис

Контакт

После пет дена решението стигна до битолската полиција, Талески во домашен притвор

После пет дена решението стигна до битолската полиција, Талески во домашен притвор

Битолската полиција за Макфакс потврдила дека денеска попладне решението со кое му се изрекува домашен притвор на битолскиот градоначалник стигнало и оти ќе се постапува според истото.

Денеска се наврши и петтиот ден откако Основниот суд го испратило решението до битолската полиција меѓутоа, тоа стигнало дури денес и стапува на сила во моментот на добивање, што значи дека автоматски денеска почнува издржувањето на куќниот притвор.

Бројни членови пак и поддржувачи на владечаката партија и Владимир Талески организирани од ГДОМ денеска се собраа на протест пред комплексот судови во главниот град. Тие протестираа и бараа судот да ја укине оваа мерка .

Талески СЈО го сомничи за малверзации со превозот на учениците.

Слично

Поврзани вести