ПОСЛЕ ДВЕ ГОДИНИ: Ердоган ја укинува вонредната ситуација во Турција
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот сојузник во владата, лидерот на Партијата на националното движење Девлет Бахчели се согласиле вонредната ситуација која истекува во јули, да не биде продолжена, пренесуваат турски медиуми утринава.
Вонредната ситуација во Турција беше воведена после обидот на државен удар во јули 2016 година и од тогаш е продолжувано на секои три месеци.
Ердоган, пред изборите на 24 јуни, вети дека ќе ја укине вонредната состојба ако на нив победи.
Ердоган освои 53 отсто од гласовите на изборите, продолжувајќи си го така владеењето до 2023 година, но со нови, широки овластувања, што Турците го поддржале на референдумот лани.
Вонредната ситуација на Ердоган и Владата му овозможувала да го заобиколи парламентот во донесување нови закони и да не ги почитува правата и слободите.
