После две децении, Иран се враќа во Европа!
Претставници на Италија и Иран, на почетокот на европската турнеја на иранскиот претседател Хасан Рохани, потпишале во Рим бизнис договори вредни повеќе милијарди долари.
Потпишани се низа договори во вредност од 17 милијарди евра (18,4 милијарди долари) кои вклучуваат бизниси од секторот на енергетиката и инфраструктурата до секторот на производство на челинк и изградба на бродови, наведува Ројтерс, повикувајќи се на тврдењата на еден неименуван извор од италијанската влада.
„Тоа е само почеток на нашата соработка. Ова се сектори во кои мора поблиску да соработуваме“, изјавил италијанскиот премиeр Матео Рнеци.
Меѓу потпишаните договори е и договорот на италијанската компанија Саипем, вреден четири до пет милијарди долари, со кој се предвидува изградба на гасовод во Иран во должина од 2000 км.
Италијанскиот произведувач на челик Даниели исто така потпишал договор со иранските претставници во вредност од 5,7 милијарди евра, како и компанијата „Kondote D'akva“ во вредност од четири милијарди евра.
Претставниците на италијанската енергетска компанија Ени и автомобилската компанија Фијат Крајслер Автомобили, присуствувале во понеделникот на вечера со иранскиот претседател, а на барање на ирански претставници, не е служено вино.
Иранскиот претседател би требало да им се обрати на челниците на 500 италијански фирми, после што ќе се состане со папата Фрањо.
Овае прва посета на еден ирански претседател на Европа после речиси две децении.
Четиридневната турнеја, во текот на која ќе ја посети Италија и Франиција, Рохани ја зпочнува откако неодамна е применет историски договор за ограничување на нуклеарните активности на Иран и Техеран со кој се укинати меѓународните санкции.
Посетата првобитно била планирана за ноември лани, но е одложена поради терористичките напади во Париз. Пред воведување на санкциите на Техеран, Европа беше најголем ирански трговски партнер.
