Економија, финансии, бизнис

Контакт

После два дена масовни собири: Протестантите во шатори – и пред Собрание и пред Влада!

После два дена масовни собири: Протестантите во шатори – и пред Собрание и пред Влада!

После два последователни дена на многуилјадни собири, денес граѓаните на Македонија ќе земат здив во очекување на уште една средба меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на опозицијата Зоран Заев - овој пат на неутрална територија - во Европскиот парламент во Стразбур.

Со многуилјаден митинг во поддршка на владејачката коалиција власта и нејзините поддржувачи одговорија на антивладиниот протест во неделата и желбата на опозицијата да биде создадена привремена влада.

Илјадници луѓе се вклучија и го извикуваа името на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Груевски.

Мотото на митингот беше "Силна Македонија". А од грандиозната сцена подигната меѓу т.н. "Порта Македонија" и зградата на Народното собрание, граѓаните и самиот премиер, повикаа Македонците да не ја оставаат земјата во рацете на странски интереси и конспиративни сценарија за дестабилизација.

Додека во неделата пак опозициската СДСМ одржа собир пред Владата.

Пред илјадниците граѓани се обратија многу говорници кои на Владата и упатија една порака, „Оставка за премиерот Никола Груевски.

Веднаш по завршувањето на собирот, опозиициските приврзаници поставија шатори на зелената површина пред Влада, и денес им е трет ден од кампувањето, со порака дека ќе останат таму се додека Груевски не поднесе оставка.

На нив синоќа им се придружи и потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, која ноќта ја помина со нив пред зградата на Владата.

Лидерот на СДСМ Заев, ноќта не беше со камперите пред влада, бидејќи денес патува во Стразбур каде со лидерот на ВМОР-ДПМНЕ Никола Груевски со посредство на претстваници од ЕУ ќе разговараат за можностоте за разрешување на длабоката политичка криза.

И приврзаниицте на владеачката партија ја поминаа ноќта во шатори пред Собранието во Скопје.

Новите шатори се поставени после синоќешниот собир за поддршка за премиерот Груевски.

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ , кои себе се нарекоа „чувари на демократијата и народна волја“, најавија дека и во наредните денови ќе останат пред Собранието, а планираат 500 до 600 луѓе деноноќно да бидат пред Законодавниот дом.

Слично

Поврзани вести