Економија, финансии, бизнис

Контакт

После долга битка Автономијата е одбранета!

После долга битка Автономијата е одбранета!
Денеска академската фела може да се каже дека издејствува победа. На втората средба на академското тло се прифатија барањата на студентите за изготување на целосно нов закон за високото образование и повлекување на веќе изгласаниот „нов“ закон. На вечерашниот пленум академците ќе го искажат својот став по прашањето дали овде запира окупацијата. „За сите оние кои не веруваа дека нешто може да се смени. За сите оние кои не правеа будали и си одеа на кафе. За сите оние кои не нарекуваа со секакви погрдни имиња, не заокружуваа и ни го потценуваа интелектот нарекувајќи не “бунтовници без причина” и БЕЗДОМНИЦИ. За сите оние кои не не пренесуваа овие неколку месеци или кога не пренесуваа зажаливме што и воопшто не пренесуваа:АВТОНОМИЈАТА Е ОДБРАНЕТА! Владата ПОТКЛЕКНА на нашите РАЗУМНИ барања и конечно ДОБИВМЕ ПРОСТОР ЗА ПИШУВАЊЕ НА НОВ ИНТЕГРАЛЕН ЗАКОН ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ!“, велат од Студентскиот пленум. Тие им се заблагодаруваат на сите за јавната поддршка која им беше пружена во овие неколку месеци. „Ја добивме битката, но не и војната. Дури сега ќе почне да се пишува новиот закон, а во меѓувреме не ги забораваме ниту останатите проблеми во образованието како лошите студентски домови, привилегираноста на одредени личности, непотребните давачки како ИКСА, корумпираните студентски парламенти… Затоа ги известуваме сите дека: Студентскиот пленум не застанува тука!“, порачаа студентиве.
Слично

Поврзани вести