После десет години заладени односи познат датумот на првиот директен лет Атина - Скопје
Најголемиот грчки авиопревозник Aegean Airlines ќе стартува со летови меѓу Атина и Скопје на 1-ви ноември, воспоставувајќи ги услугите меѓу двата главни градови по повеќе од една деценија, пренесува exyuaviation.
Летови ќе има два пати неделно, секој вторник и четврток. Со летовите ќе управува регионална подружница Olympic Air, која ќе го стави во функција ATR42 со 48 седишта.
Името на аеродромот во Скопје беше една од главните пречки со години да нема авиолетови меѓу двата града.
Аеродромот го носеше името Александар Велики, и беше преименуван во март, пишува медиумот.
Скопје беше првата меѓународна дестинација за компанијата уште во 2003 година, меѓутоа, во 2007 година беа прекинати летовите, а односите меѓу Македонија и Грција се влошија.
фото exyuaviation
