Економија, финансии, бизнис

Контакт

После Брегзит: Ципрас побара „подобра, не помала Европа“

После Брегзит: Ципрас побара „подобра, не помала Европа“

Без сомнение ова е тежок ден за Европа.

Така грчкиот премиер Алексис Ципрас го искоментира изненадниот развој на референдумот за излез на Велика Британија од ЕУ.

Според Ципрас одлуката на Британците треба да се почитува, но тоа ја потврдува длабоката политичка криза и кризата на идентитетот, како и кризата во стратегијата за развој на Европа.

„Референдумот во Велика Британија или ќе дејствува како аларм за будење на европскиот месечар, или ќе е почетокот на многу опасен пат за сите европски народи“.

Неопходна е инстант промена на курсот, предупреди Ципрас.

Според него само така ќе се изгради бариера помеѓу прогресивниот пат на демократски промени во Европа и десничарските движења.

„Не само што арогантниот технократски пристап не нуди напредок, туку и јги а загрозува европските народи и затоа е потребна нова визија за Европа. Не за „помала Европа, туку за подобра Европа“, истакна Ципрас.

Слично

Поврзани вести