Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОСЛЕ 22 години од убиството, Хаџиски тврди дека не се сеќава на ништо!

ПОСЛЕ 22 години од убиството, Хаџиски тврди дека не се сеќава на ништо!

Македонскиот „пинк пантер“ како што е познат во јавноста, или Миле Хаџиски на денешното судење тврдеше дека не се сеќава како ја убил скопјанката Мери Јошевска (21) во далечната 1993.

Пред судиите и присутните сведоци Хаџиски денес рече дека единственото нешто на кое се сеќава е како тогаш отишол кај Мери почнале да се расправаат и одеднаш се нашол дома целиот во крв.

„'Помина многу време, можеби нешто ќе згрешам. Жалам за тоа што се случи и сакам се да заврши. Мери ми беше другарка, се знаевме 2 месеци. Се сеќавам дека требаше да ми даде пари, а таа ми даде златен прстен. Пиевме кафе и вотка, се скаравме за глупости. Таа ми кажа дека е бремена и дека ако не бидеме во врска, ќе каже дека сум ја силувал. Потоа се сеќавам дека се разбудив дома кај мене. На облеката имав крв. Не знаев од каде. Како во магла паметам дека ги фрлив алиштата за перење, ми беше загушливо, како нешто да ме гушеше и отидов со пријател во кафуле. Таму ме уапсија. Не сум ја удрил Мери со пепелник, ниту сум украл злато од кај неа. Не се сеќавам на ништо друго. Јас сум најгрешниот во судницава и го молам господ да ми прости'', раскажуваше Хаџиски.

Раскажуваше низ што сè поминал изминативе 22 години додека бегал од правдата во Македонија и рече: „Јас сум најголемиот грешник што влегол во оваа судница, го молам Господ да ми ги прости гревовите. Јас долго време бев убеден дека можеби сум го направил тоа, а сега сè повеќе гледам дека имало друга позадина“.

„Поминаа веќе 22 години, немам што да кажам, што и да кажам сè ќе се сфати против мене, кога сум однапред осуден во јавноста. Жалам за тоа што се случи. Сакам сето ова еднаш да заврши. Иако мојата мајка секогаш ме бодреше да се борам во животот, јас оставам судот да одлучи во однос на мојата вина“, рече Хаџиски во излагањето пред судот и додаде дека сите записници во полицијата ги потпишувал под присила без да ги прочита.

Хаџиски е оженет со португалка со која има две деца, а пред една година е екстрадиран од Франција во Македонија после многу години на потера.

Од судот побара во затворот во Шутка да го посети скопски свештеник, бидејќи како што рече денеска во последните две години се труди да се промени и да ги исчисти гревовите.

Слично

Поврзани вести