Поскапувањето на струјата во Србија ќе предизвика лавина на зголемување на цените
Од август на цената на електричната енергија во Србија ќе се зголеми за 11 проценти, поточно за 10,9 проценти, по што се очекува да започне лавина на зголемување на цените на стоките и услугите, за чие производство електричната енергија игра и најмала улога.
Се очекува зголемување на цената на храната, хемикалиите за домаќинство и козметика, од есен и за греењето, додека сегашната цена на лебот е загарантирана до крајот на септември.
"Порастот од 10,9 проценти на струјата, ќе предизвика зголемување на инфлацијата од 0,8 проценти. Ова е директен ефект кој ќе се одрази веднаш, а во иднина ќе има зголемување на другите цени, особено за оние производи за кои струјата се користи интензивно", објаснува економистот Горан Николиќ.
Тоа го кажуваат и трговците. Досега, велат тие, поскапувањето на струјата најчесто беше на штета на нивниот профит и на сметка на производителот, но ефектот на зголемување на цената треба да се рефлектира и врз цените во продавниците.
Се што ќе се купува, ќе биде поскапо, а најмногу храната, бидејќи таа е најмногу вклучена во буџетот на домаќинствата, сметаат економистите. Сепак според нив, доброто земјоделско производство би можело да го спречи прекумерно зголемување на цените.
