Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

Се зголемува цената на среброто. Една унца сребро на почетокот на милениумот чинела околу четири долари, а денес вреди 27 долари. Аналитичарите предвидуваат светла иднина за овој благороден метал, иако засега тој е многу помалку застапен во инвестиции отколку златото.

Токму поради попристапната цена во однос на златото, која надмина 2.400 долари за унца, се проценува дека среброто ќе биде се попривлечно за инвестирање.

Побарувачката на сребро е првенствено индустриска, затоа што околу 50  отсто од целото сребро се користи за индустриски цели, а останатите 50 отсто од среброто се користат за инвестициски цели и за накит.

Соларни панели, батерии за електрични автомобили и многу други производи  содржат сребро. Сето ова најавува дека индустриската побарувачка за сребро ќе се зголеми во следните години.

За четврт век цената на среброто скокна за 575 отсто. 
И цените на бакарот се зголемуваат. Цените на бакарот надминаа 10.000 долари за тон по втор пат за две недели, но аналитичарите, вклучително и Голдман Сакс, предвидуваат дека допрва ќе дојдат повисоки цени на „црвеното злато“.

Слично

Поврзани вести