Поскапувањата сериозно ги загрижија Грците
Грците повеќе се загрижени за поскапувањата, отколку за пандемијата на коронавирусот.
Мнозинството сметаат дека е потребно Владата да донесе дополнителни мерки за справување со поскапувањата, согласно резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.
Од анкетираните, 85 отсто од испитаниците покажале загриженост за зголемувањата на цените на електричната енергија и на производите. Потоа за 45 проценти најголем проблем е струјата, а пак мерките што досега ги воведе Владата, за 45 отсто се во погрешна насока, за речиси четворица од десет (38 проценти) се во правилна насока, но потребни се и други мерки.
Пандемијата предизвикува загриженост за 54 отсто од анкетираните, а 77 отсто изразуваат загриженост за последиците од војната во Украина. Во еврозоната има инфлација. И Германија се соочува со инфлација каква немало 40 години.
Слично
