Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поскапување: Од полноќ бензините ќе се точат по нови цени!

Поскапување: Од полноќ бензините ќе се точат по нови цени!

Денеска регулаторната комисија донесе одлука за нови цени на енергенсите .

Имено од полноќ бензините ќе се точат по нови цени.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 23.02.2015 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,50 ден/литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.  Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 23.02.2015 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 55,50 ден/лит, а на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 44,00 ден/лит.

Слично

Поврзани вести