Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОСКАПУВАЊЕ: Нови цени на бензинот и дизелот

ПОСКАПУВАЊЕ: Нови цени на бензинот и дизелот
Од полноќ нафтените деривати според одлуката на Регулаторна комисија ќе се точат по нови цени. Поскапуваат и бензинот и дизелот. Бензинот поскапува за два денари, додека  дизелот поскапува за дури 3 денари по литар. Тоа значи дека малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2 ден/лит и со  цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 64 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 66 ден/лит. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 3,00 ден/лит  и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 38,50 ден/лит. Цената се зголемува и на мазутот за 1,419 ден/кг што значи дека ќе изнесува 20,883 ден/кг. Овие цени ќе важат во следните две недели.    
Слично

Поврзани вести