ПОСКАПУВАЊЕ: Нови цени на бензинот и дизелот!
Побрзајте и до ноќеска на полноќ наполнете ги резервоарите со бензин и нафта.
Регулаторна денеска ги соопшти новите цени кои бележат поскапување.
Имено, според најновите податоци бензините поскапуваат за 0,50 денари, а дизелот за 2 денари.
Тоа значи дека цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 бележат раст од 0,50 ден за литар. Од полноќ ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се точи за 58 денари, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 60 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) исто така бележат зголемување кај цените и тоа од 2,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 25.01.2016 година.
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се точи по 41,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 29,50 ден/лит.
Цената на мазутот пак цената изнесува 15,246 ден/кг.
Слично
