Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОСКАПУВАЊЕ НА ЦИГАРИ, АЛКОХОЛ … Грците усвоија построги мерки за штедење

ПОСКАПУВАЊЕ НА ЦИГАРИ, АЛКОХОЛ … Грците усвоија построги мерки за штедење

Грчкиот парламент ги усвои синоќа новите построги мерки за штедење. За предлогот гласаа 153 пратеници од владиниот блок составен од СИРИЗА и партијата „Независни Грци“.

Новите мерки беа примени во пресрет на средбата на Еврогрупата. Покрај создавањето на нов фонд за управување со средствата од приватизацијата, новиот закон предвидува зголемување на бројот на индиректни даноци, од чие собирање владата се надева да добие дополнително 1,8 милијарди евра.

„Грците веќе платија многу, но можеби за прв пат има толку голема можност овие жртви да се покажат како последни, рече пред пратениците пред гласањето на мерките премиерот Алексис Ципрас.

Од 1 јуни ДДВ се крева од 23 на 24 проценти, отпаѓаат преференцијалните стапки на ист данок за островите а се зголемуваат и даноците за автомобилите. Поскапување ќе има и кај телекомуникациските услуги, како и кај акцизите на тутунските производи и алкохолот.

Слично

Поврзани вести