Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОСКАПУВАЊА: АМАН протестира, синдикатите дремат!

ПОСКАПУВАЊА: АМАН протестира, синдикатите дремат!
АМАН и денеска организираше протести против постојаните зголемувања на парното греење, струјата и останатите производи. Засега, институциите останаа глуви на барањата на АМАН за менување на законот за енергетика со кој ќе се спречат идните непотребни зголемувања на цените. Денеска АМАН потсетија дека до Претседателот на Собранието на Република Македонија доставија предлог за покренување на граѓанска иницијатива за донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за енергетика. „По добивањето на предлогот, а согласно член 191 од Деловникот на Собранието, Претседателот е должен предлогот веднаш да го достави до Законодавно-правната комисија, која за уредноста на иницијативата треба да одлучи во рок од два работни дена и своето мислење да го достави до Претседателот. - Сметаме дека предлогот за покренување на иницијативата е уреден, поради тоа што внимававме на сите законски одредби за постапката за собирање на потребните 100 потписи, а согласно Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување и автентичното толкување на Собранието на Република Македонија на член 66 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување. АМАН го повикувааат Собранието да постапи во роковите определени со Деловникот, за да може што побрзо да ја отпочнеме постапката за 10 000 потписи“, пишува во соопштението од АМАН. Сакаат да соберат 10 илјади потписи од граѓаните па народните избраници да дебатираат за враќањето на евтината тарифа на струјата преку ден – и укинувањето на обврската да се плаќа на топлификација за услуга која не се користи. АМАН, иако ја побара, за своите активности не доби поддршка од синдикатите, како највисоко тело за заштита на работничките, и воопшто на човековите социјални права.  
Слично

Поврзани вести