Поскапуваат вињетките во Словенија
Возачите кои од идниот месец ќе патуваат низ Словенија, за седум дена за билет за патарина, (вињетка) наместо 10,50 евра ќе мора да платат 15 евра. Словенечката влада го одобри зголемувањето на цените на вињетките, а воведе и нова класа вињетки што не постои во ниту една земја во Европа.
Измените се однесуваат на висината на возила што ќе се мери за одредување на цената на вињетките. Ако од земјата низ средината на првата точка на возилото до највисоката точка на хаубата биде до 1,3 метри, цената на вињетката ќе изнесува 15 евра. На висниа над 1,3 метри цената ќе биде 40 евра.
Слично
