ПОСКАПУВААТ ПАТАРИНИТЕ: За три дена до морето на оваа земја ќе плаќаме поскапи патарини за 10%
Во Хрватска во саботата на 1 јули на сила стапуваат поскапи, летни тарифи на патарините за мотоцикли и патничи автомобили на автопатиштата.
Патарините до 30 септември ќе бидат 10 отсто поскапи во однос на зимската тарифа, а се работи за автопатишта со кои управуваат Храватски автопатишта (HAC) и Автопатишта Ријека Загреб (ARZ).
Така, на пример, од сабота возење по автопат со патничко возило од Загреб до Сплит наместо 181 куна (24,4 евра) ќе чини 199 куни (26,8) евра.
Патарината на релација Загреб-Ријека ќе изнесува 77 куни (10,4 евра) што е за седум куни повеќе во однос на зимската тарифа. Така возење од Загреб до Осијек ќе биде 12 куни поскапо и ќе изнесува 134 куни (18,1 евро).
Меѓутоа, како што пишува Вечерњи весник, патарината на некои делници и автопатишта ќе остане иста и по стапувањето на сила на летната тарифа, а на некои ќе биде зголемена и повеќе од 10 посто поради методологијата на пресметување.
