Поскапуваат недвижностите во Европа
Податоците на Евростат покажаа дека во Европа има најголем раст на цените на недвижностите за период од 15 години.
Цените на станбените недвижности во ЕУ пораснале за 9,2 отсто во третиот квартал од минатата година во споредба со истиот период претходната година.
Во вториот квартал тие се зголемени за 7,4 отсто, покажуваат ревидираните податоци.
Во еврозоната цените пораснале за 8,8 отсто во третиот квартал, што е најсилно од 2005 година кога Евростат почна да собира податоци.
Најмногу се зголемиле цените во Чешка, за 22 отсто во споредба со истиот период во 2020 година. Следат Литванија и Естонија со поскапувања од 18,9 односно 17,3 отсто и Холандија каде цените пораснале за 16,8 отсто.
Во третиот квартал лани, цените на станбените недвижности во Хрватска се зголемени за девет отсто во однос на истиот период во 2020 година, што е најсилно од почетокот на 2020 година. Тие се зголемени за 6,5 отсто во вториот квартал.
Најмалку скокнале цените во Кипар, за 2,2 отсто, а потоа следат Италија и Шпанија, а цените на становите пораснале за 4,2 отсто.
foto freepik.com
