Поскапуваат нафтените деривати
Од ноќеска на полноќ се зголемува малопродажната цена на нафтените деривативо просек за 1,18%, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката, малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС 95 и ЕУРОСУПЕР БС 98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 7.04.2014 година.
Со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,50 ден/лит, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС - 98 изнесува 81,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 7.04.2014 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)изнесува 67,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 55,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,456 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 7.04.2014 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 39,621 ден/кг.
Заради вчерашниот неработен ден, корекцијата на цените се врши со еден ден задоцнување за разлика од вообичаената објава на новите цени на нафтените деривати секој втор понеделник.
Слично
