ПОСКАПУВААТ ГОРИВАТА СО ОДЛУКА НА РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА - новите цени ќе важат по полноќ
Горивата по полноќ поскапуваат за еден денар по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46 отсто во споредба со претходната одлука.
Новите цени на горивата:
- Еуросупер БС - 95 ќе изнесува 76 денари за литар,
- Еуросупер БС - 98 ќе се продава за 78 денари за литар,
- Еуродизел БС (Д-Е V) ќе чини 69,5 денари за литар,
- Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) ќе изнесува 69 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 1,245 денари за килограм се намалува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 37,148 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,869 отсто, кај дизелот за 2,557 и кај екстра лесното масло за 3,327 отсто додека кај мазутот има намалувањето за 4,292 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,2938 отсто.
