Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поскапуваат горивата на полноќ: бензините за половина, дизелот за еден денар

Поскапуваат горивата на полноќ: бензините за половина, дизелот за еден денар
На полноќ поскапуваат бензините и тоа за половина денар, додека за еден денар поскапо ќе се продава литар дизел и екстра лесно гориво. Ова во редовната корекција, која се прави на секои две седмици го одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Така, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 78,5 денари, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава заокружено - по 80 денари за литар. Еуродизелот поскапува за еден денар и од полноќ ќе се продава по 70,5 денари. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 59 денари за литар, додека мазутот М-1 НС се намалува за 0,409 денари за килограм и ќе се продава по 40,5 денари за килограм. Следната корекција на цените на горивата ќе биде направена на четврти ноември.
Слично

Поврзани вести