Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОСКАПУВААТ ГОРИВАТА - еве колку ќе се зголемат цените на бензините и дизелот

ПОСКАПУВААТ ГОРИВАТА - еве колку ќе се зголемат цените на бензините и дизелот

Цените на горивата во Македонија ќе се зголемат со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика. 

Како што објавија од РКЕ, малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизел (Д-Е V) се зголемуваат за 2 денари за литар. Од друга страна малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 денари за литар, а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,375 денари за килограм. 

По полноќ цените на горивата ќе бидат следниве: 

- Еуросупер БС - 95 ќе се продава по 73,50 денари за литар

- Еуросупер БС - 98 ќе се продава по 75,50 денари за литар

- Еуродизел БС (Д-Е V) ќе се точи за 66,00 денари за литар

- Екстра лесно за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 65,50 денари за литар.

- Мазутот ќе се продава по 37,155 денари за килограм.

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати, а трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и гориваа за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Слично

Поврзани вести