Поскапуваат бензините од полноќ
Од ноќеска на полноќ поскапуваат нафтените деривати во Македонија, објави Регулаторната комисија за енергетика.
Согласно одлуката, цената на Еуросупер од 95 октани се зголемува за 1,5 денари и ќе чини 80,50 денари за литар. Цената на Еуросуперот БС 98 се зголемува за 1 денар и ќе изнесува 82 денари за литар.
Поскапува и евродизелот, и тоа за половина денар ќе се продава за 68 денари за литар. Повисока цена за 1 денар ќе има екстралесното масло за домаќинство и таа ќе изнесува 57 денари за литар. Мазутот поскапува за 1,144 денари и еден килограм ќе се продава за 41,636 денари.
Слично
