Поскапуваат бензините од полноќ
Од ноќеска на полноќ бензините ќе поскапат за половина денар соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Кај дизелот нема да има нови цени пред Нова година.
Оттука литар ЕУРОСУПЕРОТ БС 95 ќе се продава за 78,5 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС98 по 80 денари. ЕУРОДИЗЕЛ пак ќе чини 70 денари за еден литар.
Мали промени има и во цената на екстра лесното масло за домаќинство кое поевтинува за половина денар, па од полноќ ќе чини 58,5 денари.
РЦУК одлучи да поевтини и мазутот до 40,208 денари за килограм. Зголемувањето на цената на нафтените деривати се должи на покачувањето на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите две недели и понискиот курс на денарот во однос на доларот.
Следната корекција на цената не бензините ќе се случи по две седмици.
Слично
