Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поскапуваат бензините и дизелот

Поскапуваат бензините и дизелот

Од ноќеска на полноќ поскапуват нафтените деривати.

И бензините и дизелот ќе се точат за цени кои бележат скок. Ова станува јасно од последната одлука на РКЕ донесена денеска а согласно која ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се зголемува за 0,50 денари за литар. 

Поскапуваат и  ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1).

Регулаторното тело одлучи новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 72,00 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) 63,50, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 52,00 денари за литар.

Мазутот М-1 НС, пак, поевтинува за 0,078 денари и еден килограм ќе чини 34,377 денари.

Инаку, оваа одлука на РКЕ донесена денеска е последна што се носи според досегашната методологија.

Како што е соопштено во иднина цените на нафтените деривати ќе се одредуваат според сосема нов концепт и нема да пресметува производна цена, туку основа ќе и биде цената на суровата нафта на светските берзи на која ќе се додадат определени трошоци како премии на трговците, транспортот од пристаништата до резервоарите во кои трговците ги складираат нафтените деривати, трошок за пренесување од складиштето до бензинските пумпи, трошок за маржа.

Слично

Поврзани вести