Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОСКАПУВА ЖИВЕАЧКАТА ВО МАКЕДОНИЈА: Скокнале цените на мало и трошоците за живот

ПОСКАПУВА ЖИВЕАЧКАТА ВО МАКЕДОНИЈА:  Скокнале цените на мало и трошоците за живот

Во Македонија се потребни повеќе пари за задоволување на потребите. 

Трошоците за живот и цените на мало се зголемени, може да се види од статистичките податоци. 

Како што објави Државниот завод за статистика, трошоците за живот и цените на мало во мај во однос на април годинава пораснале за 0,4 отсто, а споредено со мај лани имаат намалување за 0,2, односно 1,3 проценти.

Поскапеле свежото и разладеното овошје за 7,2 проценти, рибата и морските плодови за 0,9 отсто, жестоките пијалаци за 0,8 проценти, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук, пивото за 0,4 отсто. 

Статистика пресмета дека месото, свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови скокнале за 0,3 проценти, лебот и житата и млекото поскапеле за 0,2 отсто.

На едно домаќинство му требаат повеќе од 550 евра за живот. 

Толку чини минималната синдикална кошничка. 

Слично

Поврзани вести