Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОСКАПУВА ЖИВЕАЧКАТА: Скокнале цените на овошјето, зеленчукот, маслото

ПОСКАПУВА ЖИВЕАЧКАТА: Скокнале цените на овошјето, зеленчукот, маслото

Поскапува живеачката во Македонија. Има раст од три проценти на трошоците за живот во мај годинава, споредено со минатата година. 

Податоците ги објави денеска Државниот завод за статистика и тие покажуваат дека има раст има кај свежиот зеленчук и овошје, маслото, газираните пијалоци, месото, како и течните горива, медицинските услуги, обувките и информатичката опрема, додека намалување има кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, гасот за домаќинствата, моторните возила, велосипедите и книгите. Намалување на индексите на трошоците на животот во мај 2021 година, во споредба со претходниот месец, има кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0,3 проценти.

Пресметките на синдикатот покажуваат дека вредноста на синдикалната кошница во април изнесувала 33.976 денари од кои најмногу или 14.332  денари се потребни за храна и пијалоци и 10.809 за комуналии. Остатокот е за превоз, хигиена, облека и обувки. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести