Поскапува патарината по граничниот премин „Богородица - Евзони“, но и други во Грција
Патарината која добива најмногу пари од Македонците кои летуваат во Грција, онаа по граничниот премин „Богородица - Евзони“ ќе поскапи од 1,8 евра на 3 евра согласно новиот ценовник кој стапува на сила од 1 јануари, објави Ефимерида“.
Поскапувањето некаде ќе биде и 150-отстотно на автопатот „Егнатија“, кој се протега од јонскиот брег сè до границата со Турција, според договорот на грчката влада со концесионерите. Станува збор за поскапување од околу 3 центи по километар.
На излезот кај Аспровалта ќе се плаќаат 1,42 евра, а излезот за Кавала ќе се плаќаат 2,36 евра. На наплатната рампа Тириа, меѓу Игуменица и Јанина, наместо досегашните 2,10 евра, отсега ќе се плаќаат 3,42 евра. На вертикалните исклучоци кај Јеропиги ќе се плаќаат 2,36 евра.
