Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поскапува нафтата на светските берзи

Поскапува нафтата на светските берзи

Расте цената на нафтата на светските берзи. 

Цените на суровата нафта денеска пораснаа за повеќе од  проценти. Ова се случи по одлуката на Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините сојузници (ОПЕК +), до јули постепено да го зголемуваат производството за нешто повеќе од два милиони барели на ден.

Цената на северноморската сурова брент „Брент“ се зголеми за 3,38 проценти на 64,86 долари за барел, а на американскиот „WTI“ порасна за 3,87 проценти на 61,45 долари за барел во азиското тргување до 8:40 часот по средноевропско време.

Групата ОПЕК + вчера се одлучи за олеснување на ограничувањата за пумпање. Ќе има зголемување на производството за 350.000 барели дневно во мај, за уште 350.000 барели во јуни и за околу 400.000 барели во јули.

Слично

Поврзани вести