Поскапува нафтата на меѓународните пазари
Се зголемија цените на нафтата.
Тие денеска пораснаа на меѓународните пазари над нивото од 45 долари, поттикнати од неочекуваниот остар пад на американските залихи што предизвикаа надеж за стабилно закрепнување на побарувачката од пандемијата на коронавирус.
На лондонскиот пазар цената на барелот скокна за 67 центи во однос на претходното затворање и изнесува 45,17 долари.
На американскиот пазар, барелот се тргуваше за 65 центи повисоко, односно за 42,26 долари.
Американскиот институт за нафта (АПИ) вчера објави дека американските залихи на сурова нафта паднале за четири милиони барели минатата недела. Аналитичарите очекуваа поскромен пад, за 2,9 милиони барели.
Во извештајот се прикажани опаѓачки резерви на бензин и деривати.
