Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поскапува храната во светот веќе девет месеци

Поскапува храната во светот веќе девет месеци

Во светот храната поскапува веќе десет месеци по ред. 

Најголем раст има кај млечните производи, месото и растителните масла, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО). Најголем раст од 3,9 проценти на месечно ниво има кај млечните производи во март.  Пораснале и цените на млекото во прав, поради зголемената побарувачка за увоз во Азија, особено во Кина, но и намалување на производството во Океанија и недостигот на достапни контејнери за испорака во Европа и Северна Америка.  Минатата година, цените на месото скокнале за 2,3 проценти во споредба со февруари. Состојбата е таква поради зголемените квоти на живина и свинско месо, но и поради зголемениот кинески увоз и продажба на пазарот во Европа пред Велигден. Цените на маслото од растително потекло беа повисоки за 0,8 проценти во март отколку во февруари, достигнувајќи десетгодишен врв. 

Светските цени на храната паднаа на почетокот на пандемијата на коронавирусот, но беа проследени со нагло зголемување. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести