ПОСКАПУВА ХРАНАТА НА СВЕТСКО НИВО: Две намирници уриваат рекорди
Месото и маслото поскапеа на светско ниво. Мало поскапување има и кај млечните производи.
Глобалните цени на прехранбените производи се зголемија во јуни, поткрепени од повисоките цени на месото, растителното масло и млечните производи, соопшти денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации, ФАО.
Индексот на цените на растителното масло се зголеми за 2,3 отсто од мај на 155,7 поени, што сега е 18,2 отсто над нивото од јуни 2024 година, предводено од повисоките цени на палминото масло, маслото од репка и соиното масло. Палминото масло поскапе за речиси 5 отсто од мај поради силната побарувачка за увоз.
Цените на месото се искачија на рекордни 126,0 поени, што сега е 6,7 отсто над јуни 2024 година, при што сите категории се зголемија освен живината. Говедското месо достигна нов врв, што одразува помали залихи од Бразил и силна побарувачка од САД. Цените на живината продолжија да се намалуваат поради изобилството на бразилски залихи. Индексот на цените на млечните производи се зголеми за 0,5 отсто од мај на 154,4 поени, што претставува годишен пораст од 20,7 отсто.
Индексот на цените на житарките се намали за 1,5 отсто на 107,4 поени, што сега е за 6,8 отсто помалку од пред една година, бидејќи глобалните цени на пченката нагло паднаа втор месец по ред. Поголемите жетви и поголемата извозна конкуренција од Аргентина и Бразил влијаеја на пченката.
foto freepik.com
