Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОСКАПО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК, ПОЕВТИНО МЕСО: Поскапе животот во Македонија

ПОСКАПО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК, ПОЕВТИНО МЕСО: Поскапе животот во Македонија

Поскапе животот во Македонија. 

Дел од намирниците се поевтини, но голем дел се поскапи во однос на претходно. 

Зголемени се трошоците за животот и цените на мало, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. 

Во јануари годинава се зголемени за 0,1 отсто во однос на претходниот месец, а во споредба со јануари лани имаат пораст од 0,6 проценти.

Пад на трошоците на животот, има кај месото за 0,8 отсто, виното за 0,3 и жестоките пијалаци за 0,2 отсто.

Пораст на трошоците на животот во јануари во споредба со претходниот месец е евидентиран  кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 1,7 отсто, свежото и разладеното овошје за 1,0, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0,6, млекото, сирењето и урдата за 0,3, лебот и житата, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, пивото за 0,2 отсто.

Слично

Поврзани вести