Поскапо од Виена: Цените на храната во Хрватска се меѓу највисоките во Европа
За пет години, производствената цена на зеленчукот во Хрватска се зголеми за 51 процент, на овошјето за околу 40 проценти, на јајцата за повеќе од 100 проценти.
Цените што ги плаќаат хрватските граѓани се меѓу највисоките во Европа, што го потврдуваат искуствата на оние што живееле во странство, како што е Виена, каде што цените се значително пониски, пишува Dnevnik.hr.
Оваа зима, статистиката бележи и пад на некои цени. На пример, цената на свинското падна за 19 проценти, на зеленчукот за 6,7 проценти, а на овошјето за околу 15 проценти. Пониските цени на јаболката се резултат на две природни катастрофи што го зголемија уделот на втора и трета класа во производството.
Експертите и производителите предупредуваат дека хрватското земјоделство ја губи стабилноста. Хрватска повеќе не е независна во производството на јаболка, а економската одржливост на земјоделските сектори, како што е свињарството, станува сè потешкo. Производителите повикуваат на наоѓање решенија за заштита на домашното производство и обезбедување достапност на храна за потрошувачите.
