Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОСКАПО ОД ПРОСЕКОТ НА ЕУ: Колку плаќаат Хрватите за јајца?

ПОСКАПО ОД ПРОСЕКОТ НА ЕУ: Колку плаќаат Хрватите за јајца?

Хрватите плаќаат најскапо за купување на јајца во однос на жителите на другите земји членки на Европската Унија(ЕУ). 

Податоци на Евростат и хрватското Министерство за земјоделство покажуваат дека минатиот месец, јајцата најскапо се продавале во ЕУ.  Пресметано е дека килограм јајца во Хрватска во септември чинеле во просек по 2,75 евра, што е највисоко во ЕУ. Тоа е за околу 24 отсто повеќе отколку во септември лани.  На врвот се Австрија со 2,70 евра, Малта (2,57) и Италија (2,52 евра). Просекот на Европската Унија е 2,12 евра. Тоа значи дека јајцата во Хрватска се за 30 отсто поскапи од просекот на ЕУ. Најевтини јајца има во Чешка (1,72 евра за килограм) и Кипар (1,73 евра).

Во текот на туристичката сезона летово, доста скапи биле јајцата и во Грција. 

foto freepik.com/jcomp

Слично

Поврзани вести