Економија, финансии, бизнис

Контакт

Поскапо домување, алкохол, тутун - колкава е инфлацијата во Турција?

Поскапо домување, алкохол, тутун - колкава е инфлацијата во Турција?

Турската инфлација се намали на 33,52 oтсто  и покрај зголемувањето на цените.

Годишната стапка на потрошувачка инфлација во Турција падна на 33,52 отсто во јули, според податоците на Турскиот статистички институт објавени денеска, продолжувајќи го трендот на опаѓање и покрај значителното зголемување на цените во секторите за домување и образование.

На месечно ниво, инфлацијата изнесуваше 2,06 отсто, што е под очекувањата на аналитичарите, кои прогнозираа зголемување од 2,4 отсто во јули. Во јуни, месечната инфлација изнесуваше 1,37 отсто, додека годишната инфлација беше 35,05 отсто. 

Растечките цени на горивата, тутунот и природниот гас придонесоа за ценовните притисоци. Во јули, цените на транспортот се зголемија за 2,89 oтсто во споредба со претходниот месец, додека алкохолните пијалоци и тутунот се зголемија за 5,69 отсто. Домувањето забележа месечно зголемување на цените од 5,78 отсто. 

Претходните години, Турција имаше многу висока инфлација која изнесуваше и 88 отсто.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести