Поскапиот гас ќе ги „удри“ по џеб Германците
Населението во Германија ќе плаќа поскапо, односно годишно ќе плаќаат 500 евра повеќе за гас.
Државата воведе данок од 2,4 центи по киловат час гас од октомври, за да им помогне на увозниците што се погодени со дополнителни трошоци, поради сè помалите резерви руски гас. Одлуката предизвика голем притисок врз Берлин, а јавноста бара дополнителни мерки за да се намали нивната потрошувачка, пишува „Еурактив“.
Индустријата ќе има повисоки трошоци, при што Германската федерација за челик објави дека ќе додаде уште околу 500 милиони евра годишно на сметките за енергија во секторот, покрај 7 милијарди евра дополнителни трошоци кои веќе се припишуваат на високите цени на енергијата.
Слично
