ПОСКАПИ БЕНЗИНИ ЗА ЕДЕН ДЕНАР, ДИЗЕЛОТ ОСТАНУВА СО ИСТА ЦЕНА - еве по кои услови следната недела ќе полниме гориво
Од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, информира Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 67 денари за литар, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 таа ќе изнесува 69 денари за литар.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.03.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 55 денари за литар, додека малопродажната цена на
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 44,5 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,353 денари за килограм, и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 34,779 денари за килограм.
