Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПОСКАПЕЛО ОВОШЈЕТО: Цената на зеленчукот се зголемила за 47.7 отсто

ПОСКАПЕЛО ОВОШЈЕТО: Цената на зеленчукот се зголемила за 47.7 отсто

Според податоците на Државниот за статистика(ДЗС) по култури на годишно ниво (октомври годинава – октомври лани) најмногу поскапел зеленчукот за 47,7 отсто. Цената на овошјето се зголемила за 6,8 отсто, а на виното за 14,6 отсто. 

Цените, пак, на житарките (пченица и ориз) се намалиле за 11 отсто, а на компирот за 3,9 отсто.

На страната на трошоците најмногу пораснала цената на ветеринарните услуги за 9,5 отсто и одржувањето на опремата и на  зградите за 6,4 отсто. 

Намалување на цената, пак , е забележана кај ѓубривата за 6 отсто и кај енергијата и кај семињата за 7,4 отсто. 

Во светски рамки, дел од намирниците поскапеа. Најмногу поскапеле маслото, шеќерот, житариците и млечните производи. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести